Кандидатот за градоначалник на Општина Охрид, Костантин Георгиевски преку социјалните мрежи им се заблагодари на граѓаните за гласовите, велеќи дека тие ја потврдиле нивната одлучност за подобра иднина на градот.
„Имавме исклуително мирни, фер и демократски избори, на кои јасно беше изразена волјата на граѓаните. Големата предност која ја имаме, од над 2400 гласови, е јасен сигнал дека само заедно можеме и мораме да продолжиме напред. Искрено и од се срце Ви благодарам на укажаната доверба и поддршката која што ми ја давате мене и на Социјалдемократскиот сојуз и коалицијата. Сигурен сум дека оваа поддршка ќе биде помасовна и поголема и за две недели, на 5-ти мај, во вториот изборен круг, ќе објавиме уште една голема победа во Охрид. Имаме реални планови за доброто на сите граѓани, ги препознаваме приоритетите за развој на Охрид и цврсто сме определени да одиме напред, да работиме посветено за да ги постигнеме и реализираме сите зацртани цели во нашата Предизборна програма! Охрид има огромни потенцијали, но само низ заедничка соработка може да го направиме посакувано место за живеење и светска туристичка дестинација! Само заедно со вас и со вашите предлози може да постигнеме многу! Нашата намера е чесна и препознаена!“, пишува Георгиевски на социјалните мрежи.