„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Георгиевски: Немам ништо со ,,Поштенска банка”, од обвинетите ни пиво се немам напиено

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
ljubco_georgievski

Во врска со најновата истрага која ја отвори СЈО под името „Поштенска банка“, поранешниот премиер Љубчо Георгиевски објави реакција на својот Фејсбук профил.

— реклама —

https://www.facebook.com/ljgeorgievski/posts/10156516687638758?__xts__[0]=68.ARADD9ivGSmEiM-QcanzPJW4YFBJ9i2m456v6tO_m3e7J13loiDsZ69cxDuTzvRVdP42Dc4kgUp0lHLif6V4shlimIV2Bc3VqBcveIEnAtsnqytiQ4p3yLSzOfBQUbwFjlpb7FgD_c06iTbs-KiXlEoVr6Cd6uqaZnEldoKnz6BjUN5vlmH3zqY&__tn__=-R

,,Пред неполна година бев повикан во СЈО каде ми беше презентирана бомба- разговор на Томица Главчев со висок функционер на власта од кој барајќи одредени услуги го спомнува и Никола Груевски во контекст на неговата банка. Односно дека Груевски во првата влада побарал од него да учествува во приватизацијата на Поштенска Банка. Кога бил викнат во СЈО ја сменил изјавата па рекол Дека во кабинетот на Георгиевски како премиер бил повикан тој а јас, Никола Груевски и Марјан Ѓорчев имаме побарано од него да учествува во приватизацијата. Откако енергично негирав дека никогаш немало таков разговор тој пак ја сменил изјавата дека тој сам бил повикан од мене и таму имало неколку советници од владата. При што понудив да му ги покажат сликите од советниците затоа што имав само девет и лесно ке ги препознае”, пишува Георгиевски.

— реклама —

Тој додадава дека сите други обвинети доблесно негирале дека никогаш со него не воделе разговор за приватизацијата на Поштенска Банка.

,,И тогаш пред СЈО и сега пред јавноста недвосмислено изјавувам дека немам ништо со приватизацијата со Поштенска банка а уште помалку со второто дело за кое ги товарат.

Се работи за јасни постапки на приватни бизнисмени каде што целиот интерес профит е за нивните фирми. Од сите обвинети личности во животот едно пиво се немам напиено.

Жал ми е што и покрај тоа што во СЈО самите ми потврдија дека Томица Главчев три пати ја сменил изјавата повторно решиле да го извалкаат моето име”, додава Георгиевски.

Станува збор за финансиска истрага, во која три од осомничените девет лица се приведени пред судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1. Според СЈО, за Љубчо Георгиевски, Марјан Ѓорчев, Никола Груевски, Томе Главчев и Ратко Димитровски, настапила застареност на кривичното гонење за кривичното дело Злоупотреба на службена положба и овластување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања