Георгиевски: Пожарникарите се постојано на терен и се борат со пожарот над селата Опеница и Косел

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
kosta-pozar-sk

Охридскиот градоначалник Константин Георгиевски вели дека пожарникарите се постојано на терен и се борат со пожарот кој избувнал вчера во близина на селата Опеница и Косел во Охрид. Тој потврди дека на терен се излезени и противпожарните авиони.

— реклама —

„Пожарникарите на Противпожарната станица од Охрид постојано се на терен и се борат со шумскиот пожар кој избувна вчера во близина на селата Опеница и Косел. Со цел да се утврдат понатамошните координирани чекори за посоодветно справување со огнената стихија, претпладнево заседаваше и Кризниот штаб на општина Охрид. Освен теренските активности за гаснење на пожарот во кои се вклучени и екипи на Дирекцијата за заштита и спасување, започнаа да делуваат и авионите за гаснење на пожари, кои ќе помогнат во целокупната акција“, пишува Георгиевски на „Фејсбук“.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања