Промени тема
Контакт

Герасимовски избран за потпретседател на СДСМ: „Одговорноста се гради, а довербата се заслужува“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Македонија
media-libraryrltmnsepgiv8eYhSUwv

Горан Герасимовски објави дека е избран за потпретседател на СДСМ, заблагодарувајќи му се на претседателот на партијата Венко Филипче и на членовите за укажаната доверба.

Во своето обраќање, Герасимовски порача дека новата функција ја прифаќа со чувство на одговорност и дека политичката работа, според него, треба да се гради преку директен контакт со граѓаните.

Тој истакна дека доаѓа од локалната политика и дека искуството од секојдневните средби со граѓаните го научило дека политиката не се создава само од говорница, туку и „меѓу луѓето“.

Герасимовски повика на поголемо единство во СДСМ, нагласувајќи дека различните ставови не треба да бидат причина за поделби, туку простор за внатрешен дијалог. Според него, партијата треба повеќе да разговара со членовите, да ги слуша критиките и да биде присутна меѓу граѓаните.

— реклама —

Тој најави дека во новата улога ќе биде отворен за идеи и критики и порача дека искуството од Центар сака да го пренесе и во работата на партијата.

„Ве уверувам и Ви ветувам, дека победата во Центар, ќе ја пресликам и промовирам и во партијата“, порача Герасимовски.

— реклама —

Во обраќањето тој повика на надминување на поделбите и суетите во партијата, нагласувајќи дека секој член има свое место и придонес.

Герасимовски порача дека пред СДСМ претстои тежок период, но дека партијата, според него, најсилно дејствува кога се соочува со предизвици.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryul882s127qtf02ptL4l

Герасимовски: Наместо луксузни апартмани, на запленетата парцела во ДУП-от Барутана е планиран дом за стари лица

Скопје | пред 2 месеци

— реклама —
media-library4jua1lds8vh56NQ3U2w

Герасимовски положи свежо цвеќе по повод 11 Октомври: Наша должност е да го негуваме аманетот на борците, за слобода, праведност и достоинство

Скопје | пред 11 месец

media-librarymjl64gvgqj8edoLypeE

Герасимовски додели сертификати на наставниот кадар: Наставниците ги учат младите да бидат чесни, одговорни и добри луѓе

Скопје | пред 11 месец

media-library2rgdb93rmj846Ex6sOa

Герасимовски заедно со советниците и хигиеничарите ја чистеа дивата депонија во Крњево

Скопје | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања