Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Герасимовски: Изградбата на градинката Пролет е во завршна фаза

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје
Gerasimovski-vo-360

Изградбата на новата градинка во Општина Центар „Пролет“ е во заврна фаза рече градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски во вчерашното гостување на емисијата Во живо на МРТВ. Тој рече дека станува збор за модерна градинка каква што му доликува на Центар.

— реклама —

„Градежните зафати за изградба на градинката „Пролет“ влегува во завршна фаза. Таа ќе се простира на површина од околу 3.276 метри квадратни, на две нивоа со капацитет за згрижување на 150 деца во 9 занимални. Градинката „Пролет“ ќе биде инклузивна градинка со лифт и надворешно игралиште за деца со попреченост во движењето, атриум, просторија за лекар и сопствена кујна со трпезарија“, посочи Герасимовски.

— реклама —

Општина Центар напомена Герасимовски во МРТВ со оваа градинка ќе ги задоволи потребите за згрижување на децата од населбите Пролет и Крњево кои сега се запишани во градинките во околните населби.

— реклама —

Герасимовски во гостувањето зборуваше и за другите инвестиции во предучилишните установи како поставувањето на термичката изолација на фасада и реконструираната кровна површина во градинката „13 Ноември“ објект Јасмин и подготвителните работи за реконструкција на фасадата на градинката Корчагин.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања