Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Герасимовски: Проектот „Нега за стари лица во домашни услови“ има простор за уште 12 нови корисници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија


— реклама —

По повод Меѓународниот ден на старите лица кој се одбележува на 1 Октомври, Општина Центар ги потсетува пензионерите кои имаат потреба од проектот „Нега за стари лица во домашни услови“ дека можат да аплицираат до секој 15ти во месецот. Преку овој проект Општина Центар, како што појаснуваат, обезбедува вежби и совети од лиценцирани физиотерапевти, негуватели и социјални работници во домашни услови за пензионерите во Центар. Мерката ги опфаќа лицата со полни 62 години без приходи или со примања до 35 000 денари. Мерката опфаќа 90 корисници, но во моментот ја користат 78, поради што Општина Центар ги повикува повозрасните кои имаат потреба од овој проект да аплицираат во општината.

— реклама —


„Највозрасните наши сограѓани секојдневно се соочуваат со бројни предизвици како неможност да ги извршат секојдневните активности во домот поради возраст, неподвижност или болест. Поради влошена здравствена состојба дел од пензионерите и немаат асистенција при посета на лекар, немаат помош и поддршка при снабдување на основните прехрамбени намирници и немаат средства за ангажирање на негувател во домашни услови. Затоа Општина Центар ја прошири мерката со цел да опфати поголем број на пензионери со цел да им ги олесни пензионерските денови на нашите баби и дедовци “, изјави Герасимовски.

— реклама —


— реклама —

Право на апликација имаат сите лица кои се над 62 години и се жители на општината, со поднесување на фотокопија од лична карта, фотокопија од потврда за примена пензија и фотокопија од медицински документ за здравствената состојба.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања