Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Герасимовски: Се проширува и се регулира дивиот паркинг зад Народната банка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Општина Центар го проширува и го регулира дивиот паркинг зад Народна банка на Република Северна Македонија. Станува збор за див паркинг со оштетен асфалт на кој со безредие се паркираа автомобили често блокирајќи се едни со други.

— реклама —


Општина Центар го гребе стариот и испукан асфалт, го проширува паркингот на околу 3000 метри квадратни со што ќе обезбеди паркинг места за околу 250 автомобили. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, беше на увид на инфраструктурните зафати при отстранувањето на оштетениот асфалт и оттаму порача дека конечно просторот ќе биде уреден и ќе се воведе ред во паркирањето, известува општината.

— реклама —


— реклама —

„Конечно го уредуваме и регулираме просторот на дивиот паркинг на кој се паркираа автомобили кој кај ќе стигне. На целиот простор комплетно ќе биде изгребана цела површина и ќе биде вградена нова асфалтна маса дополнително овој паркинг простор ќе биде обележан согласно сообраќајниот проект на Паркинзи на Општина Центар. Ги замолуваме граѓаните за трпеливост за време на извршувањето на овие градежни активности со цел предвидените активности да завршат во предвидениот рок од 30 дена“, изјави градоначалникот Герасимовски.


— реклама —

По површните инфраструктурни зафати Јавното Претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ ќе ги обележи паркинг местата со цел да има ред во паркирањето и ќе постави инфо обележје за корисниците на паркингот. Овој отворен паркинг главно го користат вработени од институциите и околните претпријатија. Општина Центар вложува во проекти кои воведуваат ред во сообраќајот и го регулираат паркирањето, се додава во соопштението на општината.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања