Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Герасимовски за 360: Ќе поднесеме иницијатива со ЗЕЛС за конфискација на дивоградби и пренамена на објектите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
Gerasimovski-vo-360

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски во интервју за 360 степени зборувајќи за дивоградбите во општината и високите средства за нивно уривање најави поднесување на Иницијатива до ЗЕЛС за пренамена на нелегалните објекти и нивна пренамена во објекти потребни за граѓаните наместо нивно уривање.

— реклама —

„Ние како општина ќе побараме, ќе почнеме иницијатива, истата ќе ја доставиме до ЗЕЛС, а тоа е измена на членови од Законот со цел да имаме можност за конфискација, поради тоа што, прво нема да се прават трошоци, а самите објекти би ги користела или општината или државата за одредени намени“, изјави Герасимовски за 360.

— реклама —

Герасимовски исто така рече дека во планот и програмата којашто ја има направено инспекциската служба во општината во делот за рушење предвидени се околу 9 милиони денари и најголемиот дел од средствата општината ќе ги искористи за уривање на објектот на „Пластичарска“ улица. Како што рече Герасимовски со цел општината да може да урне повеќе нелегални објекти ќе мора да се направи ребаланс. Токму поради овие високи средства кои општината мора да ги издвојуваа за оваа намена Герасимовски ја наметна потребата за поинакво размислување и искористување на објекти за центри за деца со посебни потреби или слични проекти од кои полза ќе имаат граѓаните.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања