Промени тема
Контакт

Германецот Даниел Милер-Шот, виртуозот на виолончело, повторно гостува во Македонската филхармонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Магазин
Daniel-Muller-Schott

На претстојниот симфониски концерт на Македонската филхармонија насловен „Морски барнови“ кој ќе се одржи на 6 декември (четврток) во 20 часот, како солист ќе настапи Даниел Милер-Шот, еден од најславните виолончелисти на новата генерација. Овој амбасадор на музиката на 21.век, за македонската публика ќе го изведе Концертот за виолончело и оркестар бр. 1 од Дмитриј Шостакович.

Диригент на концертот, за првпат во Македонија, е маестро Румон Гамба од Велика Британија, а оваа вечер ќе бидат изведени и импресивните дела: Четири морски интерлудии од операта „Питер Грајмс“ од Бенџамин Бритн, како и „Море“ и „Потонатата катедрала“ (која ќе ја доживее македонската премира) од Клод Дебиси.

— реклама —
— реклама —

Британскиот диригент Румон Гамба во својата досегашна кариера бил на неколку значајни позиција, меѓу нив и шеф-диригент и музички директор на Шведската оперска компанија Норланд опера (2008–2015), шеф-диригент на Алборг симфонискиот оркестар (2011–2015), како и шеф-диригент и музички директор на Симфонискиот оркестар на Исланд (2002–2010). Маестро Гамба особено се фокусира на современата музика и неговото име стои зад светските премиери на „Две момчиња“ на Нико Мулеј во Англиската национална опера, Концертот за виола на Брет Дин со Би-би-си симфонискиот оркестар, националните премиери на „Танцувач во ноќта“ на Пол Рудерс, „Крв на подот“ од Марк Ентони или „Скерцоид“ со Норланд опера, како и австралиската премиера на оригиналната верзија на Симфонија бр. 5 од Сибелиус... Неговото име е запишано и на голем број аудиоизданија на кои се наоѓаат современи творби. Во 2017 година, маестро Гамба се враќа на Би-би-си промс диригирајќи со врвниот џез-ансамбл „Bang on a Can All-Stars“ заедно со Младинскиот ансамбл. Покрај современата музика, тој е активен и како диригент на железниот оперски репертоар како што се „Кармен“, „Боеми“, „Отело“, „Кандид“, „Риголето“...

— реклама —

Германскиот виртуоз на виолончелото Даниел Милер-Шот се смета за еден од најистаканите претставници на овој инструмент на својата генерација и повеќе од две децении ја воодушевува публиката во светот. Овој амбасадор на музиката во 21 век, кој „Њујорк тајмс“ го нарече „бестрашен интерпретатор со извонредна техника“, е роден во 1976 година во Минхен. Студирал со видни имиња – германскиот виолончелист Волтер Нотас, австрискиот виолончелист Хајнрих Шиф, како и со британскиот виолончелист Стивен Исерлис, а преку фондацијата на славната виолинистка Ана-Софи Мутер, на нејзино лично инсистирање, поминал една година студии со прочуениот Мстислав Ростропович. На 15 години, Даниел Милер-Шот ја добил првата награда на Интернационалниот натпревар за млади музичари „Чајковски“ во Москва во 1992 година, и оттогаш неговата кариера рапидно почнала да расте. Неговото име е запишано на сите светски концертни репертоари. Ја воодушевува публиката со својата виртуозност, со нескриено енергичната интерпретација, со совршената комбинација на техничка, интелектуална и емотивна зрелост. Даниел Милер соработува со голем број водечки оркестри на САД, Европа и Азија, со врвни диригентски имиња како што се Ашкенази, Мазур, Орамо или Превин, а неговиот репертоар е составен од најпознатите дела напишани за виолончело. Во новата концертна сезона, тој настапува и ќе настапува со Тонхале оркестарот во Цирих, Кралскиот филхармониски оркестар, Далас симфонискиот оркестар... но е закажана и светска турнеја со рецитали и камерни концерти. За Денот на германското единство во Берлин во 2018 и во знак на сеќавање на неговиот починат учител Ростропович, Даниел Милер свиреше пред Бранденбуршката порта дела од Јохан Себастијан Бах, пред околу 500 илјади слушатели. Добитник е на значајни награди и признанија и реализирал голем број снимки за познатите издавачки куќи „Орфеј“, „Дојче грамофон“, „ЕМИ класикс“. Со Ана-Софи Мутер и Андре Превин, тој ги сними Моцартовите трија за пијано, додека со познатата канадска пијанистка Анџела Хјувит ги сними сите дела на Бетовен за виолончело и пијано. Милер-Шот свири на инструмент од 1727 година, од најпознатиот венецијански изработувач на виолончела, Матео Гофрилер.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања