Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Германија бара објаснување од Кина за наводната обука на руски војници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
amerikanski-vojnici

Германското Министерство за надворешни работи го повика кинескиот амбасадор на итен разговор поради медиумските извештаи дека руски војници се обучуваат на територијата на Кина.

— реклама —

Во соопштението на Министерството се наведува дека извештаите се „длабоко загрижувачки“ и дека укажуваат на можна поддршка од кинеските државни структури, вклучително и Народноослободителната армија на Кина, за руската агресија врз Украина.

— реклама —

„Сè што ѝ овозможува на Русија да ја продолжи агресијата против Украина претставува и закана за нашата безбедност“, порача германското Министерство.

— реклама —

Германскиот весник „Ди Велт“, повикувајќи се на доверливи документи од европските разузнавачки служби, претходно објави дека кинеската армија тајно обучувала неколку стотици руски војници, од кои дел подоцна биле распоредени на украинското бојно поле.

— реклама —

Засега нема официјална реакција од кинеските власти во врска со овие наводи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryfbqe45p5aglecWxDifv

Германските ракети со дострел до 2.000 километри отвораат нова безбедносна дилема во Европа

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryvbihsar60ogtaRRwyRX

Германија стравува од недостиг на гас, планира формирање државни резерви

Свет | пред 1 ден

media-library18i26ga29ta675rNxAu

Германија ги исфрла кинеските дронови од употреба во својата војска

Свет | пред 2 дена

media-library28mg73apibvg37GaVOa

(Видео) Инцидент пред германскиот парламент: Палестинско знаме го замени германското

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања