Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Германија бележи најсмртоносно лето: Околу 14.000 луѓе починале поради екстремните горештини

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
sonce-so-termometar

Германија годинава се соочува со најсмртоносното лето поврзано со екстремните горештини, со околу 14.000 смртни случаи поврзани со високите температури, покажуваат привремените проценки на Институтот „Роберт Кох“.

— реклама —

Податоците се однесуваат на периодот до 9 август, што значи дека летото сè уште не е завршено. Со оваа бројка Германија веќе го надминала претходниот рекорд од 2018 година, кога биле регистрирани околу 8.900 смртни случаи поврзани со топлотни бранови.

Најголем број жртви има меѓу лицата на возраст од 75 и повеќе години. Според Институтот „Роберт Кох“, дури 9.600 од проценетите 14.000 смртни случаи се случиле меѓу 22 и 28 јуни, период во кој температурите во одредени делови од Германија надминувале 41 степен Целзиусов.

— реклама —

Бројката е добиена преку статистичко моделирање, бидејќи високите температури најчесто не се наведуваат директно како причина за смрт во медицинската документација. Наместо тоа, жештината може да ги влоши постоечките кардиоваскуларни, белодробни или бубрежни заболувања и да доведе до смртен исход.

— реклама —

И други европски земји годинава бележат голем број смртни случаи поврзани со екстремните температури. Франција пријавила околу 7.300, а Шпанија околу 4.500 смртни случаи во периодите со високи температури.

Поранешниот германски министер за здравство Карл Лаутербах оцени дека официјалната бројка можеби е потценета, бидејќи Институтот „Роберт Кох“ користел релативно претпазлива методологија.

— реклама —

Лаутербах истакна и дека за ефикасна заштита од екстремните горештини се потребни значителни средства. Тој го поддржа предлогот за внесување на заштитата од климатските промени и прилагодувањето кон нив како заедничка задача на германските власти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library28mg73apibvg37GaVOa

(Видео) Инцидент пред германскиот парламент: Палестинско знаме го замени германското

Свет | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryo9cpaulc96oieTa7GdC

Германија ги заостри казните за употреба на дрога за силување – најмалку пет години затвор

Свет | пред 4 дена

media-librarytkbi4kllf9kceO7EJTP

„Бош“ ќе укине уште 750 работни места во Германија до 2029 година

Свет | пред 4 дена

media-libraryo5htuaensgme5GzpmeM

Истекува азотна киселина од превртен камион во Германија, жителите добија наредба да останат дома

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања