Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Германија ги заостри казните за употреба на дрога за силување – најмалку пет години затвор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 13 минути -

Свет
media-libraryo9cpaulc96oieTa7GdC

Германскиот парламент денеска усвои закон со кој значително се заоструваат казните за употреба на таканаречените дроги за силување. Минималната затворска казна се зголемува од три на пет години кога овие супстанции се користат за подготовка на силување или разбојништво.

— реклама —

„Кој посегнува по дроги за силување, ги преминува сите граници на правната држава и заслужува затворска казна од најмалку пет години“, изјави пратеничката на владејачката Социјалдемократска партија на Германија, Соња Ајхведе, за време на расправата во Бундестагот.

— реклама —

Со новите законски измени, употребата на овие супстанции, чии жртви најчесто се млади жени, отсега ќе се третира како употреба на оружје.

Законот го поддржаа пратениците од сите партии, со исклучок на Алтернатива за Германија (АфД), од каде што сметаат дека построгите казни нема да ја зголемат безбедноста на жртвите.

— реклама —

Таканаречените дроги за силување се супстанции без мирис и боја, кои ја менуваат свеста на жртвата и им овозможуваат на сторителите полесно да манипулираат со неа.

— реклама —

Во Германија во 2023 година била регистрирана 171 жртва, но криминолозите сметаат дека вистинскиот број на случаи е значително поголем, бидејќи многу од нив остануваат неоткриени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarytkbi4kllf9kceO7EJTP

„Бош“ ќе укине уште 750 работни места во Германија до 2029 година

Свет | пред 58 минути

— реклама —
media-libraryo5htuaensgme5GzpmeM

Истекува азотна киселина од превртен камион во Германија, жителите добија наредба да останат дома

Свет | пред 7 часа

evra

Пензиите во Германија од јули 2027 година би се зголемиле за 4,09 отсто

Свет | пред 1 ден

media-library92a5lc3565s157JDZOG

Вознемирувачки случаи во Германија, Австрија и Унгарија: Игли и шајки пронајдени во слатките што децата ги добиле за Ноќта на вештерките

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања