ВО ЖИВО

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите

„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Германија на МВР му подари осум возила

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
DSC_0087

Заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу денеска во Mинистерството за внатрешни работи од заменик амбасадорот на Сојузна Република Германија, Ото Граф,  прими дел од донацијата од  Договорот за донација меѓу Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и Сојузното министерство за внатрешни работи, градежништво и татковина на Сојузна Република Германија потпишан на 10.10.2019. Станува збор за осум возила „дачиа дастер“, во вкупна вредност на од 129.200 евра, со што вкупната вредност на донирани средства досега изнесува 1.082.285 евра.

— реклама —

,,Би сакал да ја искористам оваа прилика да се заблагодарам на Сојузна Република Германија за поддршката на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија во вид на донации на техничка помош и возила, со кои значително се подобри операбилноста на нашата полиција, а особено на граничната полиција во вршењето надзор и унапредување на безбедноста на државната граница, како и во насока на успешно справување со предизвиците од илегалната миграција“, рече заменикот Нухиу на состанокот по повод примопредавањето на донацијата.

— реклама —

,,Со тоа уште еднаш се потврдува нашата одлична соработка, како и заедничките заложби за справување со предизвиците од заканите по јавната безбедност, како и справување со предизвиците од илегалната миграција, што се поедноставува со потпишувањето на  Договорот за соработка во борбата против криминалот помеѓу нашите две држави. Тоа е од особена важност за нас како држава, но и за регионот на Западен Балкан и Европа воопшто“, истакна заменикот Нухиу.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања