Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Германија остана без место во Советот за безбедност на ОН, Берлин ја обвинува Русија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
germanija-zname

Неуспехот на Германија да обезбеди место во Советот за безбедност на Обединетите нации предизвика реакции во Берлин, каде дел од одговорноста за исходот ја гледаат во геополитичките позиции на земјата и наводното руско влијание врз гласањето.

— реклама —

Германија не успеа да обезбеди нестално место во Советот за безбедност на Обединетите нации, откако во гласањето беше поразена од Австрија и Португалија.

Германскиот министер за надворешни работи, Јохан Вадефул, резултатот го оцени како „горчлив пораз“, посочувајќи дека зад исходот можеби стојат повеќе политички фактори.

— реклама —

Според него, меѓу можните причини се силната поддршка што Берлин ѝ ја дава на Украина во војната со Русија, како и јасната германска позиција во однос на Израел и конфликтот на Блискиот Исток. Вадефул тврди дека Русија активно лобирала против германската кандидатура, иако Москва не ги коментираше ваквите обвинувања.

— реклама —

На гласањето Германија добила 104 гласа, додека Португалија освоила 134, а Австрија 131 глас. Со тоа, двете земји обезбедија места во Советот за безбедност, заедно со Киргистан, Тринидад и Тобаго и Зимбабве.

Поразот се оценува како дипломатски неуспех и за германскиот канцелар Фридрих Мерц, кој во последниот период се соочува со зголемен политички притисок на домашен и меѓународен план.

— реклама —

Мерц им честиташе на избраните земји и порача дека Германија ќе продолжи активно да го поддржува мултилатералниот меѓународен поредок и работата на Обединетите нации.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryfbqe45p5aglecWxDifv

Германските ракети со дострел до 2.000 километри отвораат нова безбедносна дилема во Европа

Свет | пред 14 часа

— реклама —
media-libraryvbihsar60ogtaRRwyRX

Германија стравува од недостиг на гас, планира формирање државни резерви

Свет | пред 19 часа

media-library18i26ga29ta675rNxAu

Германија ги исфрла кинеските дронови од употреба во својата војска

Свет | пред 1 ден

media-library28mg73apibvg37GaVOa

(Видео) Инцидент пред германскиот парламент: Палестинско знаме го замени германското

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања