Болничарката Андреа К. која има 44 години, судот во Хановер ја осуди на затворска казна од две и пол години, поради обвинение дека цела година физички и психички ја малтретирала својата 9 годишна ќерка.
Судот ја прифати валидноста на доказите дека Андреа К. употребила насилни методи за воспитување на својата ќерка, која сега има 9 години. Така, откриено е дека во три наврати го чувала девојчето заклучено во кутија за пренос за кучиња, му ставала електричен ремен околу вратот и го изложувала на струјни удари, а исто така девојчето го носела во шума, каде што го терала на чорапи да трча по автомобилот, објави германски „Билд“.
Државниот правобранител побара казна затвор од пет години, а судијата Штефан Локе ја коментира одлуката на покраинскиот суд да изрече помала казна од две и пол години затвор: „Долго размислувавме каква одлука да донесеме за овој случај, но да се одреди соодветна казна за родител што го злоупотребува своето дете е речиси невозможно“.