„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Германска истрага откри скопјанец кој дистрибуирал детска порнографија преку „Телеграм“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
sajber-napad

Секторот за компјутерски криминал при МВР поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против 27-годишниот Ф.М. од Скопје, поради основано сомнение за сторено кривично дело „Производство и дистрибуција на детска порнографија“ предвидено по член 193-а став 3 од Кривичниот законик.

— реклама —

Акцијата била спроведена по добиена информација од германската полиција за меѓународна истрага во врска со сексуална злоупотреба на деца, поседување и дистрибуција на материјали со таква содржина. Германските органи доставиле податоци за кориснички профил на апликацијата „Telegram“, со телефонски број и ИП-адреса регистрирани во Македонија.

Врз основа на тие сознанија, Секторот за компјутерски криминал презел мерки за прибирање на докази. На 20 август 2025 година, по наредба на Основниот кривичен суд Скопје, бил извршен претрес во домот на Ф.М. и неговите помошни простории, како и пребарување на компјутерски системи и податоци. При претресот биле пронајдени и одземени предмети поврзани со случајот, кои ќе бидат предмет на понатамошна анализа.

— реклама —

Ф.М. бил лишен од слобода и приведен во Полициската станица Гази Баба, а за случајот е известен надлежен јавен обвинител кој ќе ја води понатамошната постапка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања