Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Германската индустрија лани изгубила 177.000 работни места

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-librarychtkrm904751c2OUUdi

Германската индустрија во текот на минатата година изгубила 177.000 работни места, покажуваат податоците на Федералната агенција за вработување, објавени во Нирнберг.

— реклама —

Според агенцијата, во декември 2025 година во производствениот сектор биле формално вработени околу 6,5 милиони луѓе, што претставува речиси една петтина од вкупната работна сила во Германија.

— реклама —

Вкупната вработеност во сите стопански гранки се намалила за 108.000 работни места, при што растот во останатите сектори не успеал да ги надомести загубите во индустријата, пренесува ДПА.

Најголем пад е забележан во автомобилската индустрија и нејзиниот синџир на снабдување, каде што биле изгубени околу 52.000 работни места. Во металната индустрија исчезнале уште 24.000 работни места, додека машинската индустрија останала без 28.000 вработени.

— реклама —

Според директорката на Федералната агенција за вработување, Андреа Налес, трендот на намалување на бројот на работници продолжува, а производствениот сектор во просек губи околу 15.000 работни места месечно.

— реклама —

Податоците покажуваат дека во 12-месечниот период, заклучно со крајот на јуни годинава, вкупниот број изгубени работни места достигнал 174.000.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library18i26ga29ta675rNxAu

Германија ги исфрла кинеските дронови од употреба во својата војска

Свет | пред 18 часа

— реклама —
media-library28mg73apibvg37GaVOa

(Видео) Инцидент пред германскиот парламент: Палестинско знаме го замени германското

Свет | пред 3 дена

media-libraryo9cpaulc96oieTa7GdC

Германија ги заостри казните за употреба на дрога за силување – најмалку пет години затвор

Свет | пред 5 дена

media-librarytkbi4kllf9kceO7EJTP

„Бош“ ќе укине уште 750 работни места во Германија до 2029 година

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања