Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Германската железница излезе од минус – прв профит по седум години

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-library8d9visqctesu5B6DET9
Photo by Emilipothèse on Unsplash

Германската државна железничка компанија „Дојче бан“ соопшти дека во првата половина од 2026 година остварила нето добивка од 147 милиони евра, со што стави крај на седумгодишниот период на работење со загуби.

Во споредба со истиот период лани, кога компанијата забележа загуба од 760 милиони евра, финансискиот резултат е подобрен за повеќе од 900 милиони евра.

— реклама —

Приходите на компанијата се зголемиле за 1,8 проценти на годишно ниво и достигнале 13,6 милијарди евра, додека бројот на патници се искачил на околу 960 милиони.

— реклама —

Од „Дојче бан“ наведуваат дека подобриот резултат е постигнат благодарение на поуспешното работење во сите сектори, мерките за намалување на трошоците, како и кратењето на бројот на вработени во администрацијата и интерните служби.

Компанијата истакнува дека процесот на рационализација се одвива побрзо од планираното и дека веќе се реализирани околу 30 проценти од целите поставени до 2028 година.

— реклама —

Меѓуградскиот и далечинскиот железнички сообраќај остварил оперативна добивка од 148 милиони евра, наспроти загубата од 59 милиони евра во истиот период минатата година. Регионалниот сообраќај, пак, забележал оперативна добивка од 89 милиони евра, додека товарниот превоз останува единствениот сегмент со негативен резултат од еден милион евра.

— реклама —

Истовремено, нето-долгот на компанијата е зголемен за околу една милијарда евра и сега изнесува 21,6 милијарди евра, главно поради големите инвестиции во железничката инфраструктура.

Во првите шест месеци од годинава, германската влада и „Дојче бан“ инвестирале 8,7 милијарди евра во модернизација на железничката мрежа, што претставува најголема полугодишна инвестиција во историјата на компанијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library18i26ga29ta675rNxAu

Германија ги исфрла кинеските дронови од употреба во својата војска

Свет | пред 9 часа

— реклама —
media-library28mg73apibvg37GaVOa

(Видео) Инцидент пред германскиот парламент: Палестинско знаме го замени германското

Свет | пред 3 дена

media-libraryo9cpaulc96oieTa7GdC

Германија ги заостри казните за употреба на дрога за силување – најмалку пет години затвор

Свет | пред 5 дена

media-librarytkbi4kllf9kceO7EJTP

„Бош“ ќе укине уште 750 работни места во Германија до 2029 година

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања