„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Германски државјанин обвинет за нанесување тешка телесна повреда, тој со умисла тешко телесно повредил едно лице

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
pretepan

Обвинителен предлог против германски државјанин поднесе Основното јавно обвинителство Скопје. Лицето се товари дека сторило кривично дело – Тешка телесна повреда, предвидено и казниво согласно член 131 став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

Нa 12 декември, на бензинска пумпа на автопатот Е75, во близина на клучката кај Кадино, тој со умисла тешко телесно повредил едно лице. Откако претходно со својата вереница изнајмиле автомобил на Меѓународниот аеродром Скопје, тие го замолиле оштетениот вработен во рентакар агенцијата да ги вози и да им помогне да ја пронајдат вилата во која требало да престојуваат. Откако му го кажале името на вилата, оштетениот застанал на бензинската пума и телефонски разговарал со вработените во вилата, кои му појасниле дека објектот е во населбата Пинтија. Во тој момент, без никаков повод или причина обвинетиот започнал со висок тон да му се обраќа на оштетениот на англиски јазик, му се доближил, му го одзел мобилниот телефон од раката и со него го удрил по лицето. Притоа оштетениот се здобил со тешка телесна повреда – скршеница на левата јаболчна коска, скршеница на левата орбита и на левиот горновиличен синус.

Ценејќи дека во конкретниот случај постои опасност од бегство, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за определување мерка притвор за обвинетото лице, на кое претходно со решение на судија на претходна постапка му беше определен куќен притвор.​

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања