Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Германски генерал: Русија би можела да го нападне НАТО до 2029 година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-library7h55i2qrp25h4KDd93D
wikimedia commons

Главниот инспектор на германските вооружени сили, Карстен Бројер, предупреди дека Русија би можела да биде подготвена за напад врз НАТО до 2029 година, а според него, такво сценарио е можно и порано.

Во заедничко интервју за германскиот весник „Зидојче цајтунг“ со британскиот генерал Сер Ричард Најтон, Бројер изјавил дека повеќе показатели укажуваат на растечка закана од Москва.

— реклама —

„Цела низа показатели, од повторното вооружување и зголемувањето на бројот на војници до економските и политичките промени, упатуваат на можен датум за руски напад врз НАТО – 2029 година. А дали тоа може да се случи и порано? Да“, изјавил Бројер.

Тој нагласил дека НАТО мора целосно да ја зајакне својата борбена готовност до 2029 година, а до 2035 година да обезбеди технолошка супериорност.

— реклама —

„Правецот по кој треба да се движиме е дефиниран со новата воена стратегија и профилот на способности што ги развиваме“, додал германскиот генерал.

Неговиот британски колега, Сер Ричард Најтон, изјавил дека е тешко да се предвиди точниот датум, но дека опасноста очигледно расте.

— реклама —

„Русија води војна во Украина, притоа учи и развива нови технологии. Путин покажа дека е подготвен да напаѓа суверени држави. Колку сте поблиску до руската граница, толку посилно се чувствува оваа опасност“, изјавил Најтон.

Предупредувањето доаѓа откако естонската разузнавачка служба во својот годишен извештај наведе дека Русија во моментов нема намера да нападне земја членка на НАТО во текот на оваа или следната година, но дека продолжува со обновување на своите вооружени сили.

— реклама —

Претходно и генерал-полковникот Гералд Функе, началник на Командата за здружена поддршка на Бундесверот, предупреди дека Русија би можела да нападне членки на НАТО во следните две до три години.

Во меѓувреме, НАТО најави планови за создавање беспилотна роботска зона долж границата со Русија и Белорусија, каде во следните две години ќе бидат распоредени дополнителни количини оружје и воена опрема.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library28mg73apibvg37GaVOa

(Видео) Инцидент пред германскиот парламент: Палестинско знаме го замени германското

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryo9cpaulc96oieTa7GdC

Германија ги заостри казните за употреба на дрога за силување – најмалку пет години затвор

Свет | пред 3 дена

media-librarytkbi4kllf9kceO7EJTP

„Бош“ ќе укине уште 750 работни места во Германија до 2029 година

Свет | пред 3 дена

media-libraryo5htuaensgme5GzpmeM

Истекува азотна киселина од превртен камион во Германија, жителите добија наредба да останат дома

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања