Промени тема
Контакт

Германски искуства за унапредување на работата на јавните сервиси

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Охрид
HAB_290423007

Денеска во просториите на Касарна Хаб во Охрид се одржа дискусија со цел пренесување на германски искуства и знаења за унапредување на работењето на јавните сервиси.

— реклама —

Врвни експерти од Германија пренесуваа искуства на полето на урбана мобилност, сообраќајни решенија, дигитализација на јавниот сектор, туризам, винарство и останати добри бизнис пракси.

— реклама —

На почетокот на настанот присутните ги поздрави градоначалникот, Кирил Пецаков:

— реклама —

– Дозволете да ја изразам мојата благодарност за организација на овој настан на кој преку дискусија се настојува да се пренесат идеи и знаења од врвни експерти од Германија, на полето на урбаната мобилност, сообраќајни решенија, дигитализација на јавниот сектор, туризам, винарство и останати добри бизнис пракси. Древниот Охрид кој е и најголем туристички центар во земјава и регионов многу одамна е впишан на листата на УНЕСКО. Денешната дискусија сметам дека во голема мера ќе ни помогне преку германски искуства да изградиме добри идни стратегии во различни општествени сфери. Денес тука ќе се пренесуваат знаење за унапредување на работењето на јавните сервиси под водство на Bundesverband Deutscher Unternehmensberatungen BDU and of the Professional Association of Public Sector Consultants од Република Германија. Охридскиот регион поседува исклучителна универзална вредност како комбинација од природни феномени со квалитетот и разновидноста на културното наследство – материјално и нематеријално. Затоа треба да работиме на негово одржување и заштита преку донесување правилни урбанистички, сообраќајни или туристички решенија. На оваа средба ќе се носат битни заклучоци за сите нас. Покрај работниот дел се надевам ќе имате доволно време да ги видите убавините на Охрид. Древниот град кој „се капи“ во езерските води е секогаш привлечен со тврдината на Цар Самуил, Античкиот театар, галеријата на икони. Тука е и наколната населба кај Градиште која ќе ве врати во праисторијата. Секако испијте кафе во некој од бројните ресторани и кафулиња на охридската ривиера и секако со убави спомени живи и здрави повторно дојдете ни кај нас – посочи градоначалникот Пецаков.

— реклама —

Организатор на настанот е касарна Хаб и Professional Association of Public Sector Consultants од Република Германија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys6isuqib5h5f0d28b8i

Охрид со нови капитални проекти: Катна гаража, пречистителна станица и спортска сала

Охрид | пред 1 ден

— реклама —
media-librarygesnda26ae81frSiUhm

(Видео) Продолжува реконструкцијата на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид

Македонија | пред 1 седмица

media-library8t0vpoac23pncs70GXV

Општина Охрид започнува чистење на речните корита и критичните точки

ОО | пред 1 седмица

media-libraryhfqjoqj9s2o980tZABb

(Видео) Видео од Охрид хит на социјалните мрежи: Девојче со преубав глас ја запеа „Ако згрешам нека изгорам“

Вирално | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања