Недобивање датум на јунскиот самит на ЕУ за отпочнување на преговорие со Р. С.Македонија не треба да се сфати како негативен сигнал туку престојат технички причини поради кои тоа не може да се случи овој месец , бидејќи следува процедурата во националните парламенти кои ќе треба да дадат зелено светло за тоа посочи денеска германскиот пратеник од Бундестагот Јосип Јуратовиќ кој со негови колеги дојде во посета на македонското собрание . Јуратовиќ објаснувајќи ја процедурата потсети дека Бундестагот ќе расправа за Р. С.Македонија кон крајот на септември или почетокот на октомври, а истата процедура ќе треба да помине во уште неколку национални парламенти на државите членки на ЕУ . Информациите за кои пишуваа дел од германските медиуми дека актуелната влада во Германија не е расположена за прием на земјава во ЕУ вели треба да се земат со резерва бидејќи како што посочи Германската влада ги вреднува успесите на нашата земја.
Добивањето датум за отпочнување на преговори на земјава со ЕУ беше токму главната тема на средбата која германските пратеници ја имаа со домашните народни избраници. Пратеникот Антонио Милошоски пак посочи оти земјава заслужува да ги отпочне преговорите со унијата но апелираше до политичарите во своите изјавои да не избрзуваат со временски рамки.
Покрај средбата со на германската делегација со нивните колеги од Македонија , тие имаа средба и со претседателот на собранието Талат Џафери, на која исто така се дискутирало за евроинтегративните процеси на земјава но и потребата од натамошна заедничка соработка на македонското собрание со Бундестагот на Германија.