Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Германски весник: Србија и Украина би можеле заеднички да произведуваат дронови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-library7d31875pjk7ccA0FL8W
Фото: Фејсбук/Володимир Зеленський

Посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Србија, која е најавена за сабота, би можела да биде вовед во договор за заедничко производство на дронови, пишува германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЗ).

— реклама —

Според весникот, посетата била планирана подолг период, но повеќепати била одложувана. Иако официјално ќе биде посветена на економската соработка, ФАЗ наведува дека во разговорите би можеле да бидат опфатени и теми од одбранбениот сектор, вклучително и можноста за заедничко производство на беспилотни летала во Србија.

— реклама —

Во текстот се наведува и дека поранешниот американски амбасадор во Србија, Кристофер Хил, открил дека САД посредувале за испорака на српска муниција во Украина преку трети земји, нагласувајќи дека Белград не извезувал оружје во Русија.

— реклама —

ФАЗ пишува дека советникот на Зеленски, Олександр Камишин, повеќепати престојувал во Србија, каде што со својот тим разгледувал можни локации за заедничко производство на дронови, а на разговорите, наводно, било отворено и прашањето за производство на артилериска муниција.

— реклама —

Според германскиот весник, Украина и Србија паралелно работат и на договор за слободна трговија, кој би можел да биде потпишан во текот на 2027 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library47jcaee6d88j01lEBMf

(Видео) Над 850.000 Украинци останаа без струја по новите руски напади врз енергетската мрежа

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-library4bb6t509i29t0ECHASx

Русија со ракетен напад врз Киев: Оштетени станбени згради, мост и градинка, петмина повредени, меѓу кои и 14-годишно дете

Свет | пред 2 дена

media-libraryspg3a44vr325ahxo10E

(Видео) Бројот на загинати во рускиот напад врз Запорошката област се искачи на 55

Свет | пред 2 дена

media-libraryat0lrpmbh2bj2vc69Kd

Зеленски бара двопартиска поддршка од САД и итна испорака на ракети за „Патриот“

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања