Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Германскиот парламент усвои Резолуција со која и се дава поддршка за европската иднина на Македонија, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
germanski-parlament

Нашата држава уште еднаш доби силна поддршка во самата Европска унија, а ние како народ потврда и уште едно признание за нашиот македонски јазик, култура и посебност, вели СДСМ

— реклама —

„Синоќа, германскиот парламент усвои Резолуција од 13 точки со која и се дава поддршка за европската иднина на Северна Македонија и признание на македонската култура, идентитет и јазик.

Резолуција во германскиот Бундестаг не е само симболичен израз на поддршката што ја имаме од Германија, туку испраќа и моќна порака за исправноста на патот по којшто се движиме и почит кон нас како народ со сета своја посебност, кој има направено многу досега за европските вредности.

— реклама —

Упатуваме голема благодарност до нашиот најголем европски сојузник СР Германија за силната поддршка на евроинтеграциите и потврдата за македонскиот јазик, македонскиот идентитет и посебност.

— реклама —

Никогаш претходно Македонија немала толку многу сојузници, толку многу партнери кои ни помагаат во остварувањето на стратешките цели.

Сега од нас зависи дали ќе ја искористиме оваа силна поддршка што ја имаме.

— реклама —

Затоа уште еднаш ги повикуваме Мицкоски и ДПМНЕ да продолжи дијалогот, да формираат свој тим и потребните уставни измени да се донесат што побрзо, за да не ја пропуштиме оваа историска шанса за остварување на стратешките заложби“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања