Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Германските власти открија скривалиште со оружје во шума во близина на Берлин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
suma-333
Илустрација

Германските безбедносни служби откриле скривалиште со оружје во шума во близина на Берлин, за кое се сомневаат дека било поврзано со руските разузнавачки служби, објавија јавните сервиси NDR и WDR.

— реклама —

Според проценките на германската Служба за заштита на уставниот поредок (BfV), оружјето можело да биде наменето за руски шпиони кои би добиле наредба од Москва за извршување напади во Германија.

Скривалиштето било професионално уредено и откриено откако германските власти добиле дојава. Во него биле пронајдени два пиштола. Безбедносните служби ги онеспособиле оружјата и поставиле GPS уреди, а потоа продолжиле да ја следат локацијата во надеж дека ќе откријат кој ќе дојде да ги преземе.

— реклама —

Сепак, никој не се појавил, поради што германските власти сметаат дека скривалиштето повеќе не е активно.

— реклама —

Случајот е поврзан со осомничен кој минатата есен бил уапсен во Романија. Германските безбедносни служби се сомневаат дека токму тој можеби го организирал скривалиштето.

Сојузното државно обвинителство од ноември го истражува случајот поради сомневање за подготовка на тешко кривично дело насочено против државата.

Ниту германските власти, ниту руската амбасада во Берлин досега не излегоа со официјален коментар за овие наводи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycso53fn6hcrs2YTI7Rc

Изгореа три градежни возила на градилиште на германскиот „Рајнметал“

Свет | пред 2 часа

— реклама —
media-libraryg7c7dj2cncod7LxHS4q

Училишен автобус со 20 деца излетал од кружен тек и се забил во ѕид од куќа во Германија

Свет | пред 13 часа

media-librarys22ig1rlg6jm5d5DEww

Волк нападнал осумгодишно девојче во зоолошки парк во Германија, со хеликоптер било пренесено во болница

Свет | пред 1 ден

media-libraryj41dl1vvqdtl6DdkcnF

Автомобил влетал во група луѓе во Германија, повредени најмалку четири лица

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања