Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Героски: Секое грне си наоѓа капаче – денеска го видовме „капачето” на Заев!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Branko-Geroski-zoran-zaev

Му порачувам на премиерот Заев да не ме забавува со комични препораки каде и што треба да сум пријавел. Си има тој свои соработници и блиски луѓе што може да си ги подучува и на кои може да им наредува. На мене – не, напиша новинарот Бранко Героски, на plusinfo.mk по изјавата на премиерот во која вели Героски побара средба со мене, но еве уште еднаш ќе кажам има истражни органи, треба да оди таму да пријави.

Еве што му порача Героски на премиерот Заев:

— реклама —

Кампањата против лажните вести премиерот Зоран Заев ја отвори со одговор на лажна вест што самиот ја слушна, кажана од еден фејк новинар, кој е неизбежен декор на секоја владина прес-конференција. Што е резил за Владата само по себе…

— реклама —

Може ли премиерот и целиот тој апарат за борба против лажните вести да посочи во кој напис сум го нападнал Зоран Заев? И колку е медиумски писмено и културно премиерот да одговара на лажна вест, згора на тоа и во мое отсуство?

— реклама —

Му порачувам на премиерот Заев да не ме забавува со комични препораки каде и што треба да сум пријавел. Си има тој свои соработници и блиски луѓе што може да си ги подучува и на кои може да им наредува. На мене – не!

Јас сум слободен новинар, самиот одлучувам што пишувам, кому се обраќам и со кого би сакал да разговарам. За да ја задржам својата слобода, си дадов оставка во „Слободен печат”. Два пати оставка не можам да ви дадам…

Не ми пречи неспремноста на Заев со мене да оствари средба и разговор за една значајна тема, која нема врска со истражните органи. Тоа си е негова легитимна одлука. Моето барање беше искрено и културно адресирано.

На крајот на краиштата, секој избира со кого сака да разговара. Секој избира со кого му врви муабетот. Секое грне на крајот си го наоѓа своето капаче.

„Капачето” на Заев го видовме и го слушнавме денеска. Ме изеде туѓиот срам…

Поздрав, премиере Заев. До читање, напиша новинарот Бранко Героски на plusinfo.mk.

 

 

 

 

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања