„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Геровски: Дали Заев ми се заканува, веднаш да се извини за оваа срамна и безобразна изјава!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Branko-Geroski-zoran-zaev

Новинарот Бранко Геровски кој прв пишуваше за „Рекет“ во „Плусинфо“ реагира по изјавата на премиерот Зоран Заев кој рече „Нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и да ми извини ЛГБТ заедницата, еден педер, да ја урне Влада“.

— реклама —

„ШОКАНТНА, ДИСКРИМИНИРАЧКА, ЗАКАНУВАЧКА И СРАМНА ИЗЈАВА НА ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ

Шокиран сум од изјавата на премиерот Зоран Заев. Особено што тој со половина од "криминалците" што ги спомнува бил во директна или посредна комуникација. "Педерот" што го спомнува го крунисаа тој и неговите министри и градоначалници.

— реклама —

Дали кога вели "еден суетен новинар" мисли на мене? Ако мисли, нека собере храброст тоа јавно да го каже. И прашувам јавно - дали тоа Зоран Заев мене ми се заканува?

Како и да е, барам премиерот Зоран Заев веднаш јавно да се извини за оваа срамна, крајно безобразна и дискриминирачка изјава, од која извираат нетрпеливост, закани и говор на омраза.

Очекувам јавноста, институциите што се овластени да ги штитат граѓаните од дискриминација, новинарските здруженија и претставниците на меѓународната заедница да ја осудат оваа скандалозна изјава на премиерот Заев“, пишува Геровски.

Прочитај го и ова:

Заев: Нема да дозволам криминаци, суетен новинар и педер да ја урнат Владата

Уранија Пироска за Заев: Гнасно, толку од прифаќањето на различностите

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања