Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Геровски до Миленко и Политико: Објавете ја снимката каде Камчев или друг бизнисмен ми дава 25 илјади евра во кеш

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Branko-Geroski-696x478

Новинарот Бранко Геровски кој прв пишуваше за изнудувањето рекет од страна на осомничените Боки 13 и Зоки Кичеец, користејќи ги блиските контакти со Катица Јанева, на социјалните мрежи го обвинуваат дека земал пари од Орце Камчев за да пишува за случајот.

Геровски се огласи по шпекулациите и ги повика Миленко Неделковски и Сашо Политико да ја објават снимката, за која велат дека ја  поседуваат, се слуша како Геровски зема 25 илјади евра од Камчев.

— реклама —

”Ги повикувам Саше Ивановски Политико и Миленко Неделковски да ја објават наводната видео или аудио снимка (што ја поседувал Миленко демек), во која Орце Камчев наводно ми дава 25.000 евра во кеш. Или некој друг бизнисмен, сеедно.

— реклама —

Јас одговорно тврдам дека такво нешто никогаш не се случило и дека од никого немам земено ни 1 евро кеш.

— реклама —

Но еве, ако имаат снимка, слободно нека ја објават. Ако се плашат од тужба, нека ми ја испратат мене снимката, јас ќе ја објавам.

Ајде јуначишта, да ве видам!

ПС. За монтажите на Саше Политико за моите наводни чатови, самата будалетинка во една прилика призна дека станува збор за местенка. Немам што да додам освен да повторам дека чатовите не се автентични”, напиша Геровски на “Фејсбук”.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања