„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Гевгеличанец заканувајќи се со ловечка пушка од електронско казино одзел околу 150.000,оо денари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
lovecka-puska

Секторот за внатрешни работи Струмица - Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гевгелија, до Основното јавно обвинителство во Велес, поднесе кривична пријава против Т.К.(40) од Гевгелија поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело „разбојништво“ по член 237 став 4 од Кривичниот законик и кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 став 1, а во врска со член 44 став 1 и 2 од Кривичниот законик. Имено, на 09.01.2019 околу 02.40 часот во електронско казино во Гевгелија пријавениот со ловечка пушка марка „Брно“ упатил закана кон вработениот и противправно одзел околу 150.000,оо денари.

— реклама —

На 22.02.2019 во 05.30 часот во непосредна близина на сервис кај с. Мрзенци, од страна на полициски службеници пријавениот е лишен од слобода и кај него биле пронајдени пари, цигари, кои потекнуваат од извршена тешка кражба во маркет во село Негорци и ловечката пушка. На 22.02.2019, врз основа на судска наредба, полициски службеици извршиле претрес во станот и помошните простории во кои живее и престојува пријавениот, при што биле пронајдени предмети кои потекнуваат од други кривични дела и тоа: четири кражби од продавници и три кражби во куќи, за кои дополнително ќе бидат процесуирани кривични пријави. На предлог на јавниот обвинител во Велес, од страна на судија на претходна постапка при Основен суд Гевгелија, на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања