„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Гевгелиски доктори со акустичен концерт ги поддржаа своите колеги!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
97390133_913305039091297_8822692381737353216_n

— реклама —

Стиховите „Чукни во дрво, вистина е, надвор е пролет, живи сме“ е метафорична порака со која сакаме да изразиме поддршка и благодарност до нашите колеги доктори кои во моментот се во првите борбени редови против коронавирусот. Вака гласаа зборовите на младите гевгелиски стоматолози Александар Петковски и Томе Каркалашев кои со гитарите во раце и добро скоцкана листа од исклучиво македонска музика во текот на саботниот полициски час им приредија едночасовно уживање на гевгеличани под отворено небо.

— реклама —

„Можеби ноќните излегувањата се уште не се дозволени, а не знаеме ни кога ќе се врати животот во нормала, но затоа знаеме дека гелгеличани уживаа на своите балкони. Се надеваме дека пораката која ја испративме до јавноста ќе биде прифатена од сите“, вели Александар.

„Караорман“ е место од каде се гледа целиот град, а исто така е и местото од каде настапуваа тие двајца. Нивното дуо е познато како „ChillOut“. Поддршка можете вие да им дадете на нивниот инстаграм профил потпишан како: chill_out.official

„Преку пораката немаме цел да селектираме професии. Многу професии се исто така изложени на ризик од вирусот. Доставувачите на храна, вработените во маркетите, полицијата, војската, лицата ангажирани за оддржување хигиена, возачите и уште многу други. Сите заслужуваат огромен апауз“, вели Томе.

Настанот беше поддржан од градоначалникот на општина Гевгелија и кафулето „Пикасо“ кој го пренесуваше настапот на социјалните мрежи.

фото: Kajak Kajak

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања