Вчера во И.М. (43) од село Добарце во полиција пријавил дека тој и неговиот внук биле физички нападнати од нивните соседи А.А. и Ф.А.
Најпрво во дворот на И.М. влегол Ф.А., кој побарал од неговиот внук Е.М. да си го чува врзано кучето во дворот затоа што му влегувало кај него дома и притоа Е.М добил удар од Ф.А.. Неколку часа подоцна, во дворот на И.М. дошол и А.А. (син на Ф.А.) по што настанала расправијата и дошло до физичка пресметка во која биле употребени и железна шипка и безбол палка.
И.М. побарал лекарска помош во болницата во Тетово каде биле констатирани видливи повреди во пределот на лицето, како и скршеница на прст од десната рака.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Фото: Архива