Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Ги знаеме црвените линии на Мицкоски, прифати НМК и скандалозни Резолуции, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

Таканаречените црвени линии на Христијан Мицкоски познати му се секому, вели СДСМ

— реклама —

„Истиот тој Мицкоски прифати на Конгрес на Европската народна партија (ЕПП) немаше ништо против наместо да биде претставен со името на државата, да биде претставен со кратенката НМК кој важи само за регистарските таблички.

— реклама —

Мицкоски не се побуни ниту кога ЕПП усвои Резолуција која е целосно спротивна на државните позиции која ги промовираше во целост бугарските позиции и е далеку полош предлог од предлогот против кој Мицкоски и неговите пратеници со сите сили се спротивставуваа.

Ете тоа се „црвените линии“ на Мицкоски линии дијаметрално спротивни од црвените линии дефинирани со Резолуцијата усвоена со консензус во македонското Собрание.

— реклама —

Мицкоски е очаен, осамен и изгубен во сопствената деструкција, затоа мораше да оди по нови насоки во Будимпешта, затоа ги условува своите пратеници со ништовни нотарски изјави без никакво правно дејство.

— реклама —

Мицкоски ќе остане запаметен по тоа што во клучните моменти за државата тој бил на спротивната страна и одработувал за туѓи интереси, на штета на интересите на граѓаните“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања