Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Гинекологија „Мајка Тереза“ доби донација од 10.000 евра за прочистувачи за воздух

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
majka-tereza

Денеска, во Специјалната болница по гинекологија и акушество „Мајка Тереза“ во Чаир беа промовирани десетте прочистувачи за воздух кои веќе се поставени на котлите во објектот, а истите се донација од компанијата „Блу Ер“, специјализирана за производство на прочистувачи на воздух во резиденцијални и канцелариски простории.

На настанот присуствуваа заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, министерот за здравство Венко Филипче и менаџерот за Европа од компанијата „Блу Ер“, Александар Провинс.

— реклама —

Според Макрадули, борбата за чист воздух е континуирана активност на Владата, а денешното поставување на десетте филтри во вредност од 10.000 евра во гинкологија Чаир е во рамки на инвестиционата Програма за реализација на Планот за чист воздух на Владата.

— реклама —

- Тоа е интелигентен, мрежно поврзан интегриран систем, кој истовремено ја регистрира емисијата на штетни гасови и ги филтрира, а сето тоа се следи во реално време - истакна Макрадули во своето обраќање.

— реклама —

- Министерството за здравство интензивно работи на промена на системот за греење во јавните здравствени установи, а токму оваа установа е еден од приоритетите. Притоа, ова е добар пример за општествено одговорна компанија - изјави министерот Филипче.

Тој додаде и дека веќе е изработен основен проект за реконструкција на котларата со нова машинска опрема со употреба на гас, а во моментот, во тек е постапка за изработка на тендерска документација.

Во рамките на активностите за промена на системите за греење од мазут на гас најавени за повеќе јавни здравствени установи, меѓу приоритетите, се и општите болници во Куманово и Струмица за кои е најавно дека веќе во следната грејна сезона ќе бидат подготвени да се грејат на гас.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања