Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Гитаристот Филип Букршлиев: Барате поддршка од сите, а не им ја дадовте на оние на кои им беше потребна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 56 минути -

Македонија
media-libraryldr9a9g9tpjo3nSfqQ5

Скопскиот гитарист, композитор и импровизатор Филип Букршлиев упати критика до дел од културните работници кои јавно реагираат на состојбите со платите и колективниот договор, посочувајќи дека со години ја занемаруваат положбата на илјадници самостојни културни работници.

— реклама —

Во објава на социјалните мрежи, Букршлиев наведува дека повеќе од 2.000 луѓе создаваат и работат во културата без редовни примања, работен стаж, здравствено осигурување и институционално признавање. Според него, станува збор за луѓе кои организираат настани, настапуваат, снимаат, пишуваат, свират и создаваат, но нивниот труд останува надвор од системот на институционална поддршка.

— реклама —
— реклама —

Тој нагласува дека секој има право да се бори за подобри услови, но смета дека солидарноста не треба да се појавува само кога се загрозени сопствените работни места и приходи. Според Букршлиев, борбата за достоинствени услови во културата мора да ги опфати сите што ја создаваат, без разлика дали се вработени во институции или работат надвор од нив.

— реклама —

„Не може постојано да ја делиме културата на онаа што има право да биде гладна и онаа што мора да гладува во тишина“, порачува Букршлиев, повикувајќи на солидарност и еднаков третман за сите културни работници.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања