„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Ѓаволот од бегство, во куќен притвор: Донел документи дека не е добар со здравјето, обвинител предложил судот да го остави да се лекува дома

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-librarysscgrpcfl8pvbcWs5VO
Фото: Телма

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција предложи промена на мерката притвор за осомничениот во случајот „Синџир“, Љупчо Пецов – Ѓаволот, со куќен притвор под 24-часовен надзор, повикувајќи се на повеќе околности, меѓу кои нарушена здравствена состојба и ризици по неговата лична безбедност. Тој до денеска беше во бегство.

— реклама —

Како што соопшти Обвинителството, одбраната доставила предлог до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје за изменување на определената мерка притвор во поблага мерка, укажувајќи дека осомничениот веќе бил хоспитализиран поради здравствени проблеми и дека му било препорачано понатамошно лекување.

Јавниот обвинител, ценејќи ги здравствените околности, но и сериозните индиции за можни влијанија врз постапката и врз самиот осомничен, фактот дека тој доброволно се пријавил и ги предал двете патни исправи што ги поседува, како и проценките дека со негово сместување во притворското одделение не може да се гарантира личната безбедност, на рочиштето го изменил првичниот предлог. Наместо притвор, предложена е мерка куќен притвор со постојан надзор, со цел да се обезбеди неговото присуство во натамошната постапка.

— реклама —

Љупчо Пецов – Ѓаволот е еден од главноосомничените во предметот „Синџир“, голема истрага за финансиски криминал и даночно затајување, отворена кон крајот на октомври 2023 година. Во предметот се опфатени 26 лица, сопственици и управители на 28 компании, за кои постои сомнение дека преку мрежа на фиктивни фактури со ДДВ за наводни, но непостоечки услуги, го оштетиле државниот буџет за околу осум милиони евра.

Според Обвинителството, Пецов и Стојан Чифлигароски, кој исто така е во бегство, се осомничени како организатори на криминалната група. Во фокусот е и фирмата „Алма-комерц Ангел Пецов“ ДООЕЛ, за која се тврди дека издавала фиктивни фактури со цел намалување на обврските за ДДВ.

Случајот дополнително доби тежина по апсењето на поранешниот државен правобранител Фехми Стафа, кој е и адвокат на Пецов. Обвинителството соопшти дека Стафа во периодот од октомври до 13 декември примил вкупно 50.000 евра, дел од побарани 100.000 евра, за да посредува и да влијае кај судија во Апелациониот суд Скопје за укинување на мерката притвор за лице во бегство. На 6 октомври биле примени 30.000 евра од сестрата на Пецов, а на 13 декември уште 20.000 евра, по што Стафа бил лишен од слобода.

Обвинителството за Фехми Стафа бара определување мерка притвор,која беше одобрена. Тој се наоѓа во затворот во Куманово.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

eZy-Watermark_01-10-2023_05-25-29-7940PM

Кривичен суд: За Љупчо Пецов-Ѓаволот определен куќен притвор со 24-часовен надзор

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања