Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Ѓоковиќ елиминиран уште на стартот во Шангај: „Не бев ни блиску до своето ниво“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Спорт
Screenshot-2024-01-28-at-14.21.29

Новак Ѓоковиќ го заврши настапот на мастерс-турнирот во Шангај уште по првиот натпревар, откако загуби од Полјакот Хуберт Хуркач со 6:4, 6:3. Српскиот тенисер призна дека не бил на вообичаеното ниво, посочувајќи го заморот и тешкотиите со приспособувањето на условите за игра.

По успешната недела во Пекинг, Ѓоковиќ не успеа да ја повтори истата игра во Шангај. Тој истакна дека се чувствувал поуморно и дека немал доволно свежина, додека Хуркач одиграл одлично на сервис.

— реклама —

„Не бев ни блиску до нивото на игра што го покажав во Пекинг. Малку сум поуморен и не сум свеж. Хуби сервираше многу добро, а јас не се чувствував како вообичаено на теренот, особено кога станува збор за чувството при ударите со топката“, изјави Ѓоковиќ.

Различните услови меѓу двата турнира во Кина дополнително му ја отежнале задачата. Според српскиот тенисер, подлогата во Шангај е значително побрза од онаа во Пекинг, што им остава малку простор за грешки на играчите при сервисот.

— реклама —

„Подлогата е исклучително брза и целосно поинаква од онаа во Пекинг. Ако еднаш во сетот го загубите сервисот, тоа може да биде доволно за да го загубите мечот. Токму тоа се случи. Многу е тешко да се враќа неговиот сервис, речиси невозможно – навистина сервираше одлично. Не успеав да се приспособам, а да се соочам со него уште во првиот меч тука беше навистина тежок ждреб“, рече Ѓоковиќ.

Со оваа победа, Хуркач за првпат го совлада Ѓоковиќ во нивниот деветти меѓусебен дуел.

— реклама —

И покрај раната елиминација во Шангај, српскиот тенисер е задоволен од настапот во Пекинг, каде што имаше успешна недела. Сега планира да се одмори и да се подготви за завршницата на сезоната, со посебен акцент на турнирите во сала.

„Да, Пекинг беше фантастичен. Тука испаднав многу рано, но тоа е во ред. Имав одлична недела во Пекинг и сега едвај чекам малку да се одморам и да се подготвам за турнирите во сала“, порача Ѓоковиќ.

Следниот голем предизвик за српскиот тенисер ќе биде мастерс-турнирот во Париз, кој започнува на 2 ноември. Ѓоковиќ најави дека ќе учествува на турнирот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarym2bnjo6ajfqrfBcjgO3

Ѓоковиќ ги дозна противниците на Мастерсот во Париз, прв предизвик ќе му биде тенисер од Монако

Спорт | пред 2 часа

— реклама —
Screenshot-2024-01-28-at-14.21.34

Ѓоковиќ падна на 12. место на АТП-листата

Спорт | пред 1 седмица

media-librarym2bnjo6ajfqrfBcjgO3

Ѓоковиќ сепак нема да патува во Саудиска Арабија, турнирот е одложен поради безбедносната состојба

Спорт | пред 2 седмици

Screenshot-2024-08-05-at-12.36.09

Де Минор по поразот од Ѓоковиќ сака ново правило во тенисот

Спорт | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања