Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Ѓоковиќ ја најави последната голема цел: сака кариерата да ја заврши на Олимписките игри во Лос Анџелес

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 часа -

Спорт
IMG_0656

Новак Ѓоковиќ откри кога би можел да ја заврши својата богата тениска кариера, посочувајќи дека сака последниот голем настап да му биде на Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година.

Во интервју за каталонскиот весник „Спорт“, српскиот тенисер зборуваше за документарецот „Волк во зима“, својата кариера и жртвите што ги направил за да стигне до врвот.

Ѓоковиќ зад себе има 24 гренд-слем титули, повеќе од 1.100 победи, олимписко злато и рекордни 428 недели на првото место на АТП-листата. Во документарецот неговата приказна е претставена преку симболиката на отпорноста и способноста да продолжи и кога околностите се против него.

„Во најтешките околности ја наоѓаш внатрешната сила и самодовербата што ти овозможуваат да продолжиш понатаму“, изјави Ѓоковиќ.

Тој призна дека патот до врвот барал големи одрекувања, особено во однос на времето поминато со семејството и пријателите.

„Секој пат подразбира жртви. Мораш да се откажеш од нешто за целосно да се посветиш на друга работа“, рече српскиот тенисер, додавајќи дека не жали поради одлуките што ги донел.

— реклама —

Посебно место во неговата кариера има олимпиското злато освоено во Париз во 2024 година. На 37-годишна возраст, по четири неуспешни обиди да стигне до олимпиското финале, Ѓоковиќ конечно ја освои единствената титула што му недостигаше, победувајќи го Карлос Алкараз во финалето.

„Тоа веројатно беше најважниот момент во мојот живот и кариера“, рече Ѓоковиќ.

— реклама —

Сега неговиот поглед е насочен кон Лос Анџелес и Олимписките игри во 2028 година. Иако е свесен дека неговата кариера се приближува кон завршницата, Ѓоковиќ верува дека може да стигне до уште еден олимписки настап.

„Би сакал да стигнам до Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година. Мислам дека можам да го остварам тоа, но ќе видиме. Ќе зависи од тоа како ќе реагира моето тело и од многу други околности“, изјави тој.

Ѓоковиќ во последно време настапува на помал број турнири бидејќи сака да има повеќе време за семејството и за другите обврски во животот.

— реклама —

„Тенисот и понатаму е центарот на мојот професионален живот, но сакам да најдам рамнотежа. Се надевам дека ќе стигнам до Олимписките игри и на тој начин ќе ја завршам кариерата, со знамето на Србија на рамениците“, порача Ѓоковиќ.

На прашањето дали по гледањето на документарецот се кае за нешто, одговори кратко: „Не. Не се каам за ништо“.

„Не секогаш носев најпаметни одлуки, но сите тие искуства се дел од темелите врз кои се изградени мојот живот, карактерот и личноста што сум денес“, додаде тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

Screenshot-2024-01-28-at-14.21.29

Ѓоковиќ елиминиран во Синсинати, побара медицинска помош, па откри што го мачи со години

Спорт | пред 1 ден

Screenshot-2024-01-28-at-14.21.38

Ѓоковиќ се враќа во Синсинати по три години – го дозна и првиот противник

Спорт | пред 2 дена

media-libraryimh3bsg6ok3j9t4HSKB

(Видео) Ѓоковиќ се фати за микрофонот: Заедно со Владо Георгиев и Нигор ја пееше „Тропски бар“

Сцена | пред 1 седмица

media-librarym2bnjo6ajfqrfBcjgO3

Ѓоковиќ потврди: Се враќам во Синсинати!

Трендови | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања