Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ загуби од Доминик Тим со 2-3 во сетови во маратонски натпревар, а покрај сите проблеми, Србинот се скара и со судијата.
Во момент кога Тим направи брејк и поведе со 2-1 во сетови, Ѓоковиќ разговараше со судијата за кршење на правилото од 25 секунди за сервис.
„Правилото е 25 секунди“, се бранеше судијата, но на тоа Ѓоковиќ остро одговори.
„Дали си играл некогаш тенис? Некогаш? Знаеш ли како е во овие ситуации 6-5? Знаеш? Браво човеку, браво. Само што се прослави“, му одговори Ѓоковиќ.[embed]https://twitter.com/Eurosport_UK/status/1137313744227319808[/embed]