Промени тема
Контакт
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања

Ѓоковиќ: Патот е долг

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Магазин

Новак Ѓоковиќ е подготвен за следниот предизвик на Мастерсот во Индијан Велс.

Најдобриот светски тенисер во третото коло го очекува Италијанецот Лука Нарди со кого досега не се сретнал.

Тој дуел е закажан за вторник во 02:00 часот по средноевропско време.

Секако дека Новак е голем фаворит за пласман во осминафиналето, а по мечот со Александар Вукиќ донекаде ја критикува неговата игра и број еден.

— реклама —

„Би сакал да ја земам титулата, сигурно, но има долг пат да се оди. Знам дека можам да продуцирам подобар тенис. Очигледно дека сум самокритичен и до одреден степен тоа е многу важно бидејќи ве става во правилна психичка состојба да сакаш повеќе да работиш и секојдневно да се вклучуваш во процесот на усовршување. Или да се трудиш да ја подобриш својата игра со исправање на грешките што ги направил на натпреварите или на тренинзите“, вели Новак.

— реклама —

Тој додаде дека ќе продолжи да тренира за време на паузата меѓу натпреварите во Калифорнија.

„Дефинитивно ќе го направам тоа и се надевам дека ќе ја подигнам мојата игра на турнир кој трае 10 до 14 дена. Тоа ви овозможува да тренирате помеѓу натпреварите, што ви дава простор да работите на одредени работи во играта. Турнирот продолжува, верувам дека ќе продолжам да се подобрувам и дека ќе имам се повеќе доверба во себе и во моите шанси на овој турнир. Морам да одам чекор по чекор“, додаде Новак.

— реклама —

Вукиќ беше прилично незгоден противник на почетокот, Новак смета дека не било така лошо.

„Беше важно. Да бидам искрен, во одредени моменти бев малку загрижен, бевме изедначени на почетокот на третиот сет, но морам да му честитам, на крајот од вториот и почетокот на третиот сет тој сервираше добро и погоди многу победници на форхенд, па заслужено беше во натпреварот. Мора да запомните дека е потребно време за да се ослободите од 'рѓата“, призна број еден.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

novak-dzokovic-4

Навивач го повика Ѓоковиќ во Црвена звезда, одговорот стана хит

Спорт | пред 1 седмица

media-libraryvavka1klkorpfvLKT9s

Тренерот Ренцо Фурлан: „Синер е унапредена верзија на Ѓоковиќ“

Спорт | пред 1 седмица

media-librarymmc9015k6ctg91CkZ2y

(Видео) Ѓоковиќ приреди вистинско шоу во БиХ: Играше, пееше и ја воодушеви публиката

Спорт | пред 2 седмици

Screenshot-2024-01-28-at-14.21.34

Поранешниот британски тенисер Рудески: Вимблдон беше последната голема шанса на Ѓоковиќ за 25. гренд слем

Спорт | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања