Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија?

Во живо „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Ѓоковиќ по триумфот во Пекинг: Кога сум во добра форма, можам да ги победам и најдобрите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Спорт
media-librarymmc9015k6ctg91CkZ2y

Новак Ѓоковиќ го освои турнирот во Пекинг, откако Алекс де Минаур му го предаде финалниот меч, а по триумфот српскиот тенисер порача дека трофејот за него има посебно значење.

— реклама —

Ѓоковиќ појасни дека по пауза од 11 години повторно настапил во Пекинг со големи очекувања и желба да стигне до трофејот.

„Поминаа 11 години откако последен пат играв овде. Имав големи очекувања од себе, секогаш се замислувам со трофеј. Овде никогаш не сум загубил. Во последно време бев далеку од такви рекорди, имав многу подеми и падови, здравствени и физички проблеми. Кога се чувствувам добро и удирам добро, можам да ги победам и најдобрите. Овој трофеј ми значи повеќе од само еден трофеј, нешто друго е во прашање“, изјави Ѓоковиќ.

— реклама —

Тој му се обрати и на Де Минаур, кому му посака што побрзо да се опорави.

— реклама —

„Сфатив дека беше некултурно од моја страна што не почнав со Алекс. Извини, се надевам дека брзо ќе се опоравиш. Ти посакувам сè најдобро“, порача Ѓоковиќ.

Тенисерот потоа се осврна и на својот однос со Пекинг и турнирот, истакнувајќи дека атмосферата и поддршката од публиката имаат значајно место во неговите настапи.

„Не би постигнувал толку добри резултати на место на кое не се чувствувам добро. Од почетокот играм на овој турнир, постојано доаѓав, го обожавам овој стадион, луѓето се страствени. Тие се дел од мојот успех, тука нема дилема“, изјави Ѓоковиќ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2024-01-28-at-14.21.34

Ѓоковиќ падна на 12. место на АТП-листата

Спорт | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarym2bnjo6ajfqrfBcjgO3

Ѓоковиќ сепак нема да патува во Саудиска Арабија, турнирот е одложен поради безбедносната состојба

Спорт | пред 1 седмица

Screenshot-2024-08-05-at-12.36.09

Де Минор по поразот од Ѓоковиќ сака ново правило во тенисот

Спорт | пред 2 седмици

Screenshot-2024-01-28-at-14.21.29

Ѓоковиќ елиминиран уште на стартот во Шангај: „Не бев ни блиску до своето ниво“

Спорт | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања