Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Ѓоковиќ жестоко до организаторите на Вимблдон: Не ми е гајле за мечот на Синер

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Спорт
Screenshot-2024-01-28-at-14.21.29

Новак Ѓоковиќ остро реагираше на одлуката на организаторите на Вимблдон да го затворат покривот на Централниот терен за време на четвртфиналниот меч против Феликс Оже-Алијасим.

По завршувањето на вториот сет, околу 19:40 часот, супервизорот одлучи натпреварот привремено да биде прекинат за да се затвори покривот, иако српскиот тенисер сметаше дека условите сè уште дозволуваат игра на отворено.

— реклама —

„Пред неколку дена не сакавте да го затворите покривот до 20:30 часот, а сега сакате уште во 19:40. Можевме да одиграме уште еден цел сет. Ова е турнир што се игра на отворено“, му порача Ѓоковиќ на супервизорот.

Кога организаторите го спомнале претстојниот меч на Јаник Синер, Ѓоковиќ возвратил:

— реклама —

„Не ми е гајле за мечот на Синер. Зборувам за нашиот натпревар. Каде е доследноста?“, рече тој.

Српскиот тенисер продолжи со критиките, обвинувајќи ги организаторите дека не ги применуваат правилата еднакво.

— реклама —

„Толку многу се гордеете со вашите правила, а не се придржувате до нив. Ни самите не знаете кое е правилото“, изјави Ѓоковиќ.

Неговиот став го поддржа и противникот Феликс Оже-Алијасим, кој исто така сметаше дека мечот треба да продолжи на отворен терен.

И покрај негодувањето на двајцата тенисери, организаторите останаа на својата одлука, па натпреварот продолжи дури откако покривот беше затворен. На крајот, Ѓоковиќ успеа да избори победа и пласман во полуфиналето на Вимблдон.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarym2bnjo6ajfqrfBcjgO3

Ѓоковиќ ги дозна противниците на Мастерсот во Париз, прв предизвик ќе му биде тенисер од Монако

Спорт | пред 5 часа

— реклама —
Screenshot-2024-01-28-at-14.21.34

Ѓоковиќ падна на 12. место на АТП-листата

Спорт | пред 1 седмица

media-librarym2bnjo6ajfqrfBcjgO3

Ѓоковиќ сепак нема да патува во Саудиска Арабија, турнирот е одложен поради безбедносната состојба

Спорт | пред 2 седмици

Screenshot-2024-08-05-at-12.36.09

Де Минор по поразот од Ѓоковиќ сака ново правило во тенисот

Спорт | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања