Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Ѓорче Петров: Извесна Ивана во име на Општината и градоначалникот јаде и пие по ресторани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
aleksandar-stojkoski-4

Општина Ѓорче Петров преку соопштение објави дека извесно женско лице лажно се претставува и по ресторани и кафеани прави нарачки во име на Општината и на градоначалникот Александар Стојкоски.

— реклама —

„Ве информираме дека извесна Ивана во име на Општина Ѓорче Петров и градоначалникот Александар Стојкоски во изминатиот период се јавува и појавува во угостителски објекти при што нарачува храна и пијалаци, наводно за општината и градоначалникот. Лицето по извршената нарачка бара фактурите за испорачаната услуга да гласат и да им бидат доставени на фирми кои соработуваат со Општина Ѓорче Петров. За фирмите доставува потребни податоци за изготвување фактура“,

— реклама —

велат од Општината.

— реклама —

Оттаму додаваат дека презеле мерки за да приберат докази и да го пријават случајот до надлежните органи и апелираат до угостителските објекти да не подлегнуваат на оваа измама.

„Најостро го осудуваме овој чин на измама и истовремено информираме дека Општина Ѓорче Петров нема склучено договор за угостителски услуги и не врши набавка на угостителски услуги“, велат од Општината.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања