Ѓорче Петров, вечерва е најзагадена општина во Скопје и воедно втора најзагадена општина во Македонија. Граѓаните од овој дел на Скопје на социјалните мрежи споделуваат стаутуси дека воздухот во Ѓорче Петров вечерва мириса на хемикалии, гума и пластика и дека навистина е ужасно да се живее во оваа скопска општина.
- Дечки, не се дише во Ѓорче Петров. Сериозно. Смрди на хемикалии, гума, пластика и стварно е ужасно. Верувајте дека две минути се потребни да останете надвор од домовите за да се вратите дома со неопислива главоболка и одвратно чувство во грлото. Немам намера да вмешувам политика и навистина нема потреба од тоа да се меша политика кога се однесува буквално на сите нас, ама вака не се издржува. Здравјето на сите нас е ставено под знак прашалник и тоа не знае за партија и политика. Најдобронамерно апелирам до градоначалниците на Ѓорче Петров и на Град Скопје, до Министерството за животна средина, инспекторати, кој и да е, луѓе вршете си ја работата. Најмалку што очекуваме е да кажете од што е ова и што преземате во врска со тоа. Ниту затоплувањето на домовите, ниту автомобилите не се изговор за овој хорор.
Дали сфаќате дека умираме?
На страна сите шеги, трет најзагаден град сме во светот.
Како млад човек ве замолувам за навремена и брза реакција за ова што се случува. Да се најде жариштето на овој огромен проблем и истиот да престане!
Дали е фер во 21-ви век да умреме од канцерогени честички предизвикани од фактор човек?
