Општина Ѓорче Петров започна со спроведување на дератизација и дезинсекција на повеќе локации низ општината, како дел од редовните активности за заштита на јавното здравје и подобрување на хигиенските услови.
Од локалната самоуправа информираат дека мерките се преземаат со цел превенција од појава и ширење на штетници, намалување на ризиците по здравјето на граѓаните и обезбедување почиста и побезбедна животна средина.
Градоначалникот Александар Стојкоски посочи дека ваквите активности претставуваат важен сегмент од континуираните напори за создавање здрави услови за живот во општината.
„Грижата за здравјето на граѓаните не е еднократна активност, туку постојана обврска. Затоа продолжуваме со превентивни мерки кои придонесуваат за поголема безбедност, подобра хигиена и поквалитетни услови за живот во секое населено место во нашата општина“, изјави Стојкоски.
Од Општина Ѓорче Петров најавуваат дека и во наредниот период ќе продолжат со активности за одржување на јавната хигиена и заштита на јавното здравје, во насока на создавање чиста, безбедна и уредена општина.