Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Ѓорчев: Афера којашто можеме да ја наречеме „големото око“, никој не им дава право на СДСМ да следат кој, каде се движи, што лајкувал, што напишал

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, по денешната пресс конференција одговараше на новинарски прашања.

— реклама —

Новинарско прашање: Сакам да ве прашам за апликацијата што вчера од тимот на Силјановска ја обелоденија. Дали имате вие некои сознанија за што се работи и дали може и вие како партија ќе поднесете некоја претставка до институциите?

Владимир Ѓорчев: Апсолутно ќе има реакција до институциите, но немаме доверба во институциите. Она што го гледаме, тоа е евидентно. Желбата да се контролира се, секој да се следи, секој да се прислушкува, да се знае секој каде, што и како прави. Ова апликација може да се однесува на стотици илјади граѓани на Македонија и тоа длабоко, длабоко задира во приватноста на граѓаните и гласачите, затоа што ако тие може да следат кој, каде се движи, каде бил, што лајкувал, што напишал, како напишал итн. Тоа е веќе набљудување, тоа е веќе следење. Никој не им дал право на господата од СДСМ толку да навлегуваат во приватноста на луѓето, за нив стана навика да влегуваат во приватноста на луѓето и да прават што сакаат. Катастрофа.

— реклама —

Новинарско прашање: Ја имате ли вие таа апликација, бидејќи од вчера имаме сознание дека е повлечена?

Владимир Ѓорчев: ИТ тимот којшто го имаме работи на оваа тема но, она што го имаме како информација се навистина загрижувачки. Значи, внимавајте некој да се осмели, без око да му трепне, до таа мера да ги следи и да ја нарушува приватноста на илјадници , илјадници граѓани, само затоа што се гласачи, да кажуваат каде одат, што лајкуваат, како пишуваат, каде се движат итн. Тоа е буквално една афера којашто можеме да ја наречеме „големото око“. Навика стана на СДСМ, до таа мера да се чувствуваат недопирливи, да прават што сакаат и да едноставно ја нарушуваат приватноста. Но, ова сакам да го кажам, прво граѓаните се чувствуваат непријатно затоа што им е нарушена приватноста, второ колку СДСМ и да ги следи, колку и да гледаат што прават, нивно е правото како ќе гласаат зад параванот, и трето треба да им вратат на оние коишто им ја нарушуваат приватноста оние коишто сакаат буквално да ги надгледуваат, да им вратат со гласање против нивниот кандидат, затоа што ова е срамота што го прават.

Новинарско прашање: Дали имате сознанија чие е комбето „Бојкотирам“ што деновиве кружи низ Скопје и уште еднаш вашиот став за дали сте вие за бојкот?

Владимир Ѓорчев: Не. Повикуваме граѓаните на Република Македонија масовно да излезат на претседателските избори и да гласаат за бројот 2, за Гордана Силјановска Давкова, за правда во Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања