Промени тема
Контакт

Ѓорчев до Петров: Инфлацијата галопира, имаме економска и енергетска катастрофа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
VladimirGjorcev16022022.jpg

Проблемот е што власта знае дека жестоко ќе биде поразена, вели Владимир Ѓорчев, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија и токму поради тоа бега од предвремени парламентарни избори.

Ѓорчев истакна дека се потреби предвремени парламентарни избори бидејќи секој измина ден со владата на СДСМ е штета за Македонија и граѓаните.

— реклама —

Секој изминат ден е штета за Македонија со оваа влада. Значи ние имаме 10.000 мртви, значи најголема смртност, еден автобус дневно губиме луѓе, ја плаќаме неспособноста на власта. Значи последни добивме вакцини, најмал економски раст на Балканот, стануваме најсиромашна држава во Европа, најголема задолженост. Значи по сите можни основи ние имаме катастрофа, потенцираѓе Ѓорчев.

Според него државата се наоѓа во економска и енергетска катастрофа, укажувајќи дека цените секојдневно растат.

— реклама —

Македонија се наоѓа во економска катастрофа, во инфлација која што галопира, цените одат нагоре секој ден без разлика дали станува збор за храна или гориво. Имаме најнеуспешна влада и ни е потребно нова влада која што ќе донесе нови странски инвестиции, рече Ѓорчев.

— реклама —

Оваа енергетска криза ќе не чини 500 милиони евра, ЕЛЕМ и МЕПСО беа најуспешни компании, а сега се загубари, заклучи тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања