„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Ѓорчев на ФБ: Од понеделник тргнуваме заедно да ги поразиме Заев и СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
vlatko

Пратеникот Владимир Ѓорчев, кој до својата матична партија поднесе кандидатура за претседател и очекува истата да биде поддржана во сабота на партиската конвенција во Струга, не запира со состаноци по месните комитети. На својот фејсбук профил во денот ги објавува сите средби кои ги остварил и на кои на членството им ја претставил својата програма.

— реклама —

Во еден од своите постови Ѓорчев пишува:

 

— реклама —

Три важни работи:

  1. Прво, имам бесконечна доверба во членството и делагатите на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ. Се надевам дека ќе бидам избран за кандидат.

Секој резултат ќе го почитувам. Секој претседателски кандидат избран на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ ја има мојата целосна поддршка.

Од понеделник тргнуваме заедно да ги поразиме Заев и СДСМ.

  1. Второ, Христијан Мицкоски има мојата целосна поддршка како претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Изминативе 15 месеци, сега во моментов и понатаму стојам зад неговата напорна работа во овие тешки околности за државата и ВМРО-ДПМНЕ.

Во следните месеци и години треба да се насочиме кон штетните политики на СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ е најсилна како обединета и сплотена структура.

Христијан Мицкоски е нашиот кандидат за премиер на следните парламентарни изботи, а потоа мандатар и претседател на Владата на Република Македонија.

  1. Трето, како претседател на Република Македонија, после првиот ден со Мицкоски како премиер, ќе иницирам повторно основање на тимовите за странски инвестиции.

Ќе го вратиме времето кога во Македонија се отвораа фабрики и погони секој месец. Како претседател, подготвен сум со идниот премиер Мицкоски заедно да појдеме низ целиот свет за да привлечеме нови инвеститори и да се отвораат нови работни места.

Да расте стандардот и да ги задржиме младите. Заеднички и сплотено ќе се бориме за подобра Македонија.

Да победиме заедно. За Македонија. 🇲🇰, напиша Ѓорчев на ФБ.

https://www.facebook.com/VladimirGjorcev/photos/a.810767102284086/2459768900717223/?type=3&theater

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања