Промени тема
Контакт

Ѓорчев на средби во Стејт департментот, ИРИ, НДИ и УСАИД

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев за време на посетата на Вашингтон се сретна со глобалниот директор на НДИ Дерек Мичел.

На средбата Ѓорчев се заблагодари за досегашната соработка со НДИ и нивната работа со политичките партии во Македонија.

Во седиштето на ИРИ Ѓорчев се сретна со директорот за Европа Пол Мекарти и директорот за трансатлантска стратегија Јан Суротчак.

— реклама —

Соговорниците ја констатираа досегашната соработка на ИРИ и ВМРО-ДПМНЕ, со акцент на идните активности и соработка. ВМРО-ДПМНЕ продолжува да биде долгорочен партнер на ИРИ, како структура блиска до Републиканската партија, која е наша сестринска партија.

Во седиштето на УСАИД Ѓорчев се сретна со Гречен Биркл, заменик од бирото за Европа и Евроазија. На средбата стана збор долгогодишната помош на УСАИД за Македонија, како дел од односот на САД кон Македонија, Балканот и Европа.

Помошта и програмите на УСАИД имаат корисни и добри ефекти, особено во делот на економскиот развој кој што е клучен за граѓаните на Македонија.

— реклама —

Пратеникот Ѓорчев во Стејт Департментот се сретна со Џил Дитрих и Џошуа Луис од канцеларијата за Македонија во Стејт Департментот.

— реклама —

На средбата Ѓорчев ги запозна соговорниците со актуелната ситуација во Македонија поврзана со политичкиот прогон, проблемите со слободата на медиумите, контролата на власта врз судството и економските проблеми.

На сите средби Ѓорчев го подвлече пријателството и сојузништвото на Македонија и САД, со желби за понатамошна соработка и засилени контакти

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања