Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Ѓорчев: Тетово покажа предност на ВМРО-ДПМНЕ со 400.000 спрема 200.000 гласови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
vlatko21082022

Владата на СДСМ е жестоко делегитимирана од огромен број на граѓани, вели Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

„Односот на гласови помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Тетово е два спрема еден, во советници е четири спрема два, ако тоа го пресликаме на ниво на Македонија односот и во гласови и на анкетите е 400.000 гласови за ВМРО-ДПМНЕ, 200.000 гласови за СДСМ. Тоа значи дека ВМРО-ДПМНЕ во моментот би имала 55 пратеници, СДСМ 27 со целата нивна коалиција.

ВМРО-ДПМНЕ има во моментот 50 градоначалници, СДСМ 10. Во 10 најголеми градови во Македонија власта е тотално делегитимирана и во Скопје, вчера во Тетово, претходно во Гостивар, Куманово, Битола, Прилеп, Охрид, Штип, Велес, Кочани, Кавадарци и на многу други места.

— реклама —

Тоа значи дека час поскоро Македонија треба да оди на избори. Час поскоро Македонија треба да добие влада која што е способна и одговорна која што ќе ја носи Македонија низ оваа тешка, жесто криза која што претстои, а за која што власта е тотално неподготвена.

Почитувани,

Поразителен е фактот дека власта на СДСМ и Ковачевски треба по три пати да повторува избори како што се Центар Жупа и Маврово Ростуше за да има доволно гласови, затоа што за време на Зоран Заев и Ковачевски народот масовно се иселува. Има егзодус, нема доволно луѓе да излезат на гласање и три пати треба да се повторуваат изборите за да се избере градоначалник.

— реклама —

Исто така треба да се каже дека за жал Ковачевски може да победува само исклучиво кога е единствен кандидат. Единствен кандидат беше Зоран Зев за претседател на СДСМ и доби 99 проценти гласови, единствен кандидат на предлог на Зоран Заев за претседател на СДСМ беше Ковачевски и доби 99 проценти од гласовите, и вчера прогласува победа која што не е негова. Победата во Центар Жупа е на Демократската партија на Турците, а Ковачевски е само споредна улога која што сака да се качи на бранот на таа победа.

Но, важно е дека во најголемата општина каде што вчера имаше избори победи ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Во Маврово Ростуше поради притисоците на власта, поради купувањето на гласови, поради издавање на гласачи на СДСМ на пасоши, лични карти, лични документи само во еден ден, а оние кои што гласаат за опозицијата не можат со недели да ги добијат, затоа власта со тој жесток пресинг и притисок имаше некаков резултат во Маврово Ростуше.

Но, победата е убедлива и голема во најголемата општина и најголемиот град каде што вчера имаше избори. Според пописот минатата година според број на жители, ова се бројките, Центар Жупа 3700 жители, Маврово Ростуше 5000 жители, општина Тетово 85.000 жители.

Во најголемата општина во Тетово соодносот ВМРО-ДПМНЕ СДСМ е два спрема еден, БЕСА го победи ДУИ и доминира опозиционото расположение.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ убедливо победи, благодарност до граѓаните и ајде час поскоро да одиме на избори.

Македонија треба и мора да гласа.

Македонија заслужува подобра влада“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања