Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Ѓорчев во Форин офисот во Лондон: Силно ќе ги развиваме односите со Велика Британија, како и сојузништвото со НАТО и ЕУ земјите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
gjorcev

Пратеникот и меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев е во неколкудневна посета на Обединетото Кралство. Во Форин офисот во Лондон, се сретна со Ленс Дом, заменик шеф на одделот за Западниот Балкан во директоратот за Европа и Кетрин Барнс, тим лидер за Македонија и регионот во Форин офисот.

Ѓорчев посочи дека Македонија и Велика Британија се пријателски земји, со силно партнерство. Тој истакна дека имаме одлични билатерални односи во делот на политиката, економијата, одбраната и културата.

— реклама —

Ѓорчев ги информираше соговорниците за актуелните состојби во Македонија, како и за зголемената поддршка за ВМРО-ДПМНЕ во анкетите во пресрет на претстојните парламентарни избори следната година. Членството во НАТО и ЕУ се меѓу клучните приоритети на надворешната политика на ВМРО-ДПМНЕ, кажал Ѓорчев.

— реклама —

На средбите било истакнато и дека ВМРО-ДПМНЕ е првата политичка партија во Македонија која јасно порачала дека  државата припаѓа во евро-атлантските структури и интеграции.

— реклама —

На средбата беше констатирано дека компаниите од Велика Британија, САД, Германија, Италија, Франција, Австрија и другите НАТО и ЕУ земји се најголемите инвеститори во Македонија, кои вработуваат десетици илјади луѓе во нашата држава.

Британската компанија Џонсон Мети е НАЈГОЛЕМИОТ извозник од Македонија, со 900 вработени и годишен извоз од околу 1,5 милијарди евра. Затоа, ќе продолжиме да ги развиваме нашите политички и економски односи со Велика Британија, како и нашите сојузници од ЕУ и НАТО земјите, истакнал Ѓорчев.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања